| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

11.04.2017

Се подготвува бистата за „Шеки“ во Штип (ФОТО)

Во родениот град на Драгослав Шекуларац се подготвува спектакл кој што ќе се случи на 27 мај во чест на славниот фудбалер кој што е роден Штипјанец

На 27 мај во Штип ќе се одржи спектакл. Ќе играат ветераните на Црвена Звезда со ветераните на Брегалница во чест на најпознатиот фудбалер од овој град, Драгослав Шекуларац. Популарниот „Шеки“ играше за Црвена Звезда во која ги доживеа своите најдобри моменти.

Токму во негова чест ќе биде одигран ревијален натпревар на кој ќе настапат Милко и Бошко Ѓуровски, потоа Дарко Панчев, Илија Најдоски, Митко Стојковски кои што оставија траен белег во „црвено-белите“ во текот на своите играчки кариери. Специјален гостин ќе биде Кирил Дојчиновски.



Датум: 11.04.2017, 20:57
Статијата е прочитана 2459 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense