| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

11.04.2017


Во 26. коло имаше просечна посета од 2.600 гледачи!

Во ова коло на ниту еден стадион немаше помалку од 1.000 гледачи


Добра, сосема солидна посета за наши фудбалски услови имавме во завчерашното 26. коло од нашата Прва лига. Имено на тие пет мечеви вкупно имаше 13.000 гледачи или во просек по 2.600 на секој меч поединечно. Се случувало во минатите години во просек да има повеќе гледачи во едно коло, но не се памети долго време, можеби и 10-15 години нешто друго. Имено во ова коло на ниту еден стадион немаше помалку од 1.000 гледачи.
Инаку реално на некои мечеви се очекуваше и поголема посета. Имено во градот под Шара имаше „само“ 5.000 гледачи, некогаш Шкендија и Ренова играа и пред 10.000 гледачи. Исто така премалку имаше на „вечното“ дерби на Арената меѓу Вардар и Пелистер, само 1.000. На Чаир се очекуваше повеќе а ако во Прилеп се играше на стадионот „Гоце Делчев“ тогаш Победа и Работнички ќе играа не пред 2.000, туку пред 4.000-5.000 љубители на фудбалот. По се ова кажано тогаш просекот ќе беше не 2.600 туку цели 5.000, па и повеќе гледачи, што ќе беше фантастично.


ШКЕНДИЈА - РЕНОВА (5.000 гледачи)
ШКУПИ - СИЛЕКС (2.500 гледачи)
БРЕГАЛНИЦА - МАКЕДОНИЈА ЃП (2.500 гледачи)
ПОБЕДА - РАБОТНИЧКИ (2.000 гледачи)
ВАРДАР - ПЕЛИСТЕР (1.000 гледачи)



Датум: 11.04.2017, 13:29
Статијата е прочитана 5264 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense