| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.04.2017

Младите му оддадоа почит на Филип Лазаревски

Селекцијата У-14 ја победи Грузија, У-15 беше поразена од Узбекистан на денешните натпревари одиграни во Ерменија

Две селекции на Македонија играа пријателски мечеви денеска во рамките од турнир во Ерменија. Селекцијата до 14 години ја победи Грузија со 2:0 со головите на Живков и на Фета.

Репрезентацијата до 15 години, пак, беше поразена од Узбекистан со 2:1. И покрај добрата игра, сепак, Македонија беше поразена. Единствениот гол за нашата селекција беше дело на Ѓоргиев кој што израмни на 1:1, но четири минути подоцна противникот даде уште еден гол за конечна победа.

Селекцијата до 15 години носеше маички со ликот на трагично загинатиот фудбалски талент, и член на Академија Пандев, Филип Лазаревски кој што во четвртокот го загуби животот во сообраќајна несреќа во Струмица. Тој беше повикан за овој турнир, меѓутоа трагедијата го спречи да биде со своите соиграчи.



Датум: 18.04.2017, 19:31
Статијата е прочитана 8767 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense