| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

02.08.2017

Не издржа срце комитско

*Вардар не успеа, Вардар загуби на реваншот во Копенхаген со 1:4. Очајна игра на одбраната на шампионот, до 75. минута имавме резултат за плејоф. Штета...


Којзнае до кога ќе чекаме на ваква златна шанса за пласман во плејофот во ЛШ. Имавме резултат до 75. минута, но тогаш данците со голот на Сантандер успеаја да зголемат на 3:1, резултат кој никако не му одговараше на Вардар во реваншот од квалификациите за ЛШ. На крајот беше 1:4.
Вардар не успеа, Вардар загуби на возвратниот дуел на „Паркен“ стадионот. А имаше се во свои раце, односно нозе, до 75. минута. Имавме и играч повеќе но не успеа да издржи срце комитско.
А се тргна лошо на овој натпревар. Уште во 50 секунда Грегуш испали „ракета“ која заврши во горниот лев агол на Гачевски. Вардар се врати во игра во 19. минута кога Николов израмни но Барсегјан седум минути подоцна си постигна автогол за 2:1.
И тие 2:1 ни одговараа, уште повеќе кога во 72. минута Грегуш доби црвен картон, но место Вардар да погоди тоа се случи на спротивната страна кога Сантандер стрелаше за 3:1. Следуваше гол од пенал на Сотиру за конечни 4:1.
И тоа е тоа, бајката на Вардар заврши во вечерва во Копенхаген. Мора да се спомене очајната игра во одбраната на Вардар, но и фактот дека на вакви мечеви клога ќе примиш четири голови на еден ваков натпревар, тогаш и не можеш да очекуваш нешто повеќе.
Сега останува битката во плејофот во Лигата на Европа за Вардар.
Уште еднаш штета, којзнае кога ќе ни се пружи некогаш ваква прилика.

 



Датум: 02.08.2017, 21:52
Статијата е прочитана 1951 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense