| контакт | маркетинг
ТЕНИС

28.07.2017

Бизарна повреда на Плишкова

Невнимание на чешката тенисерка за време на меч во Кина

Невнимателност и лошо поставен вентилатор беа причина што чешката тенисерка Кристина Плишкова да го предаде мечот против Јапонката Нао Нибино и да го откаже учеството од турнирот во Жангси, Кина. Близначката на светскиот рекет број 1 Каролина Плишкова се обиде да го премести големиот вентилатор што беше поставен до нејзината клупа и притоа перка и го расече палецот на левата рака. Таа побара медицинска помош за да и биде запрено крварењето, но потоа се откажа од игра и го напушти турнирот.
Ова не е прв случај, во кој Кристина мора да го напушти теренот поради повреда. Пред еден месец беше касната од оса за време на двобојот со Анжелик Кербер и го предаде мечот.
Чешката тенисерка ќе паузира околу две недели.

ВИДЕО



Датум: 28.07.2017, 18:53
Статијата е прочитана 1885 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense