| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

22.11.2017

Јаневски: Ќе дадеме се од себе да освоиме бодови

Стратегот на Вардар во пресрет на утрешниот дуел со Зенит истакна дека неговите момци ќе го дадат својот максимум

Вардар е подготвен за добра игра, за добар резултат на утрешниот меч со Зенит во рамките на 5. коло од „Л“ групата во Лигата на Европа. За очекувањата свој коментар имаше Чеде Јаневски, стратегот на Вардар кој на попладневниот прес во Санкт Петербург истакна...
„Зенит е тим кој во своите редови има екстра квалитетни играчи на секоја позиција. И покрај тоа што се пласирани во следната фаза не верувам дека Манчини ќе тактизира, јас знам дека тој сака победа. И верувам дека сака победа. Не очекував 4 порази од 4 меча, искрено да кажам, Затоа ние ќе го дадеме својот максимум на следните два меча, со Зенит утре и со Розенборг, да освои бодови“.
Стоперот Евгениј Новак пак посочи...
„Знаеме против кого играме, ќе биде тешко но ние сме екипи која не може да вети сигурна победа но ќе се обидеме да дојдеме до добар резултат“.



Датум: 22.11.2017, 17:17
Статијата е прочитана 311 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense