| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

02.11.2017

Уф какви деца - Вардар и Шкендија одиграа 3:3

Ретко ефикасен и неизвесен меч на двата ривали, кои одиграа реми во првиот четвртфинален меч од купот на Македонија.

Дуелот помеѓу младинците на Вардар и Шкендија одигран во Скопје во рамките од четвртфиналето од националниот куп на Македонија заврши со резултат 3:3, во еден од најинтересните мечеви одигран воопшто во оваа конкуренција годинава. Дербито кое се одигра на игралиштето на младинскиот комплекс на ФК Вардар, донесе шест гола, пресврти и добар фудбал.

По првичното испитување на силите, Вардар беше тој кој прв дојде до водство. Шкендија не ги искористи рпетходно неколкуте ситуации и беше казнета. Јакуп Бериша искористи една добра акција од лево. Со тој резултат се замина на полувреме, а по четири минути игра во продолжението домашните зголемија на 2:0. Реџепи со одмерен удар од дистанца го совлада Иљази.

И кога се очекуваше мечот да отиде во рутина се случи сосема спротивното. Шкендија дури тогаш заигра. Љума по левата страна имаше неколку продори, направи пробеми на одбраната на Вардар. Во 59. минута Расими намалува на 2:1, а десет минути подоцна токму Љума изби сам и пласираше под Зибери. Вардар возврати на другата страна со три шанси во само една минута но Иљази во тие моменти одличен. Љума по втор пат се запишува во листата на стрелците во осумдесеттата минута за комплетен пресврт на гостите, а кога се очекуваше последниот свиреж на судијата, Реџепи од Вардар погоди за конечни 3:3.

 

 



Датум: 02.11.2017, 14:49
Статијата е прочитана 3439 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense