| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

08.04.2017

Почнуваме со домашниот Казахстан

Денеска во Алмата стартува квалификациската група „Ф“ за ЕП во Словенија следната година.

Македонската Футсал репрезентација денеска ја започнува својата одисеја во квалификациите за ЕП кое ќе се одржи следната година во Словенија. Ние се наоѓаме во групата „Ф“ во која се уште и домашната селекција на Казахстан, потоа Чешка и Данска. Да кажеме и тоа дека директно на Евро ќе се пласира само првата селекција, додека второпласираната екипа заедно со трите најдобри екипи  од другите шест квалификациски групи ќе разигруваат во баражот.
Македонија денеска во Алма Ата со почеток во 14:00 часот ќе ги одмери силите со домашниот Казахстан кој е голем фаворит за тоа прво место во групата. Утре играме со Чешка во натпревар кој започнува во 11:30 часот, додека последниот меч го играме со Данска во вторник. Овој натпревар започнува во 13 часот. Според изјавите од нашиот табор, очекувањата се Македонија да се најде меѓу оние кои ќе се борат за баражот иако групата е силна.



Датум: 08.04.2017, 08:49
Статијата е прочитана 883 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense