| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.11.2017

Јаневски: Да покажеме дека имаме квалитет

*„Во мала криза сме, но ќе дадеме се од себе да го поправиме впечатокот од првиот меч во Скопје“ вели стратегот на Вардар

Вардар многу добро знае каде гостува и против кого ќе игра утре на „Аноета“. Знае и дека е во криза но вардарци се решени да го дадат својот максимум и да дојдат до добар резултат.
Ова попладнево го истакна стратегот на нашиот шампион Чеде Јаневски...
„Со поинаков пристап ќе се обидеме да го поправивме впечатокот од мечот во Скопје. Во мала криза сме, но ќе се обидеме да одиграме добро и да покажеме дека имаме во себе квалитет. Ќе бараме чаре како да го стесниме просторот за нивната пас - игра“ рече покрај другото Јаневски.
Хуан Фелипе, еден од најдобрите фудбалери на Вардар пак потенцираше...
На вакви мечеви не се признава никаква криза. Многу добро знаеме против каква екипа ќе играме. Ќе дадеме се од себе, напорно трениравме, мораме да најдеме против игра против така силен тим како што е Реал Сосиедад“.

 



Датум: 01.11.2017, 20:22
Статијата е прочитана 350 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
23.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense