трагичната смрт на играчот на тимот од Струмица, Филип Лазаревски" />
| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

15.04.2017

Поради трагедијата, мечот Академија-Вардар е одложен

Дуелот од 21. коло во Втората лига меѓу лидерот Академија Пандев и Вардар Неготино е одложен за во вторник по трагичната смрт на играчот на тимот од Струмица, Филип Лазаревски

Филип Лазаревски, младиот фудбалер на Академија Пандев и член на младинската репрезентација на Македонија (У-15) загина во петокот по пад од мотор во Струмица.
Второлигашкото коло ќе биде некомплетно и поради фактот што ова коло на програмата и Скопје и Металург се домаќини, мечот Скопје - Тиквеш ќе се игра во вторник. Се знае дека на Автокоманда, односно „Железарница“ играат и двата клуба што значи дека не можат да одиграат мечеви во ист ден.

ДВОЈКИ ЗА 21. КОЛО
ДЕНЕСКА, 16 Ч
МЕТАЛУРГ - ВЛАЗЕРИМИ
НОВАЦИ - ТЕТЕКС
ЕУРОМИЛК - ХОРИЗОНТ Т
ВТОРНИК, 16 Ч
СКОПЈЕ - ТИКВЕШ
А. ПАНДЕВ - ВАРДАР (Н)

ТАБЕЛА
1.А. Пандев 47, 2.Скопје 35, 3.Еуромилк 33, 4.Новаци 32, 5.Хоризонт Т. 29, 6.Влазерими 23, Металург 23, 8.Вардар (Н) 19, 9.Тиквеш 19, Тетекс 18



Датум: 15.04.2017, 10:10
Статијата е прочитана 3203 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense