| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

31.03.2017
 
Ангеловски: Одиме со сите сили кон 4. место


„Да, задоволен сум од од последните два меча, но нема потреба од преголемо задоволство. Допрва од нас се очекуваат уште подобри резултати. Ништо не ветувам во поглед на тоа колку бодови ќе освоиме до крај, освен дека со сите сили ќе го нападнеме тоа 4. место во групата“, потенцира Ангеловски во интервјуто за „Македонски спорт“


Може ли Ангеловски да предвиди или да каже, по овие први три бода освоени во групата, какви се неговите желби до крајот. Во преостанатите пет меча колку бодови можеме да освоиме.
„Јас и сите во репрезентацијата, но и сите добронамерни навивачи сакаат пет победи, тука нема дилеми. Но, треба да се биде и реален, а јас иако сум голем оптимист и сум реален човек. Играме дома со Лихтенштајн и Албанија до крајот, гостуваме во Израел, тоа се мечевите на кои објективно можеме и треба да освојуваме бодови. Секако дека со Италија и Шпанија ќе дадеме сè од себе да чепнеме нешто, но се знае со каков екстра квалитет располагаат овие две големи супер силни репрезентации. Ништо не ветувам во поглед на тоа колку бодови ќе освоиме до крај, освен дека со сите сили ќе го нападнеме тоа 4. место во групата. Имаме шанси за тоа, имаме квалитет“ истакна селекторот Ангеловски за „Македонски спорт“.



Датум: 31.03.2017, 11:20
Статијата е прочитана 2774 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense