| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

15.05.2017

Турција на 5. јуни во Скопје

Турците би дошле пред мечот со Косово во Скадар, додека за нас добра генерална проба пред „спектаклот“ со Шпанија


Македонија ќе ја пречека Турција во Скопје на пријателски натпревар кој што би требало да биде одигран пред настапите на двете селекции во јунските квалификациски натпревари. Ова е информацијата до која дојде „Македонски спорт“, и која се очекува нејзина потврда во следните неколку часа.

Преговорите се веќе во тек, сите детали се веќе договорени, и големи се шансите турскиот национален тим со својот најсилен состав да дојде во нашиот главен град, затоа што пет дена подоцна Турција има квалификациски натпревар со Косово во Скадар, а Македонија, пак, на свој терен ја пречекува моќната Шпанија. Тоа ќе биде генерална проба за двете селекции, и ниту едните ниту другите немаат моментално најдени спаринг партнери за контролни натпревари. Во опција за Македонија беше и селекцијата на Грузија, како и на Србија, но од тие два меча нема ништо.

*Повеќе во денешното печатено издание на „Македонски спорт“.



Датум: 15.05.2017, 10:56
Статијата е прочитана 3382 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense