| контакт | маркетинг
РАКОМЕТ

31.01.2018

Конечна одлука – Парондо на местото на Раул

Парондо доаѓа од женската екипа на Вардар каде е помошник тренер, а истата функција ја има и во репрезентацијата на Македонија

Шпанецот Роберто Гарсија Парондо од следната сезона ќе биде нов тренер на Вардар, како наследник на Раул Гонзалес. Парондо доаѓа од женската екипа на Вардар каде е помошник тренер и во следните две сезони ќе го предводи машкиот европскиот првак од клупата.
Парондо (38) е и актуелен помошник во машката сениорска репрезентација на Македонија и беше дел од стручниот штаб на последното ЕП во Хрватска.
Во моментов заедно со Ирина Дибирова седат на клупата на женската екипа на Вардар и се единствен тим во лигата на шампионите што е без пораз сезонава во елитното европско натпреварување.
„Многу сум среќен што добивам шанса да бидам дел од европскиот првак Вардар. Верувам дека довербата ќе ја оправдам преку резултатите. Да се биде дел од тим што зад себе има таква спортска традиција и постигнати одлични резултати, е голем предизвик за мене. Вардар веќе го чувствувам како свој дом, тука сум речиси една сезона и условите што ни ги дава клубот ми даваат за право да се надевам за успешна соработка. Сега сум целосно посветен кон обврските во женската екипа на Вардар и сакам со успех да ја завршиме сезоната пред да ја преземам машката екипа. Високите резултати секогаш ќе бидат наш приоритет“ - изјави Парондо.



Датум: 31.01.2018, 10:44
Статијата е прочитана 952 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense