| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

30.06.2017

Калц ќе го води Скопје во Првата лига


Очекувано, „пиратите“ го вратија својот омилен тренер

Љупчо Марковски-Калц ќе биде тренерот што ќе го води тимот на Скопје во претстојната сезона. Конекцијата помеѓу Марковски и клубот од Автокоманда е одамна, таа трае сиот овој изминат период, иако стратегот имаше и други ангажмани како, на пример, оној во младинската школа на Вардар. Сепак, тој никогаш реално не си ни замина од Автокоманда.
Скопје, пак, од друга страна, е стандарден во амбициите и во своите планови. Нема да има расфрлање со пари, нема да има големи амбиции, планови, туку стандардно, како и последниот пат кога беше дел од Првата лига, ќе бара златна средина и, секако, шанса за изненадување на некои од фаворитите.



Датум: 30.06.2017, 14:05
Статијата е прочитана 5273 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense