| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.02.2017


ВИКЕНД ТЕМА: Ни кажаа „ДА“, па им се случија несреќи


Давид Митов - Нилсон се бори со повредите во последната година, додека Адеми се бори да ја докаже правдата. Пад во кариерите им се случи на Мухамед Демири и на Александар Лазевски коишто се далеку од националниот тим


Македонија го има најслабиот пласман на ФИФА рејтингот во историјата. Нашата селекција уште го чека првиот пласман на едно големо натпреварување, а не била блиску ниту до баражот. Вечно „четвртите“ потоа потонаа кон петтата позиција за  на последните две квалификации да бидеме и со „фенерот“.
Сосема е јасно дека на три од четирите досегашни одиграни квалификациски натпревари, на Македонија многу ѝ недостасуваше среќа. Играта беше тука, па дури и резултатот (Италија ја водевме, со Израел утнавме пенал за нерешено, со Албанија примивме гол во последните мигови), но на крајот секогаш ги губевме мечевите.
Несреќа ги следи и играчите, особено оние коишто во последните неколку години прифатија да играат за Македонија, одбивајќи ја земјата каде што се родени или каде што настапуваа(т) во моментот. Таков е случајот на пример со Аријан Адеми, кој ја откачи Хрватска да игра за нашата селекција, меѓутоа го следеа многу несреќи. Тука е и голманот Митов-Нилсон, потоа Мухамед Демири, Александар Лазевски, Јани Урдинов...

*Повеќе во денешното печатено издание на „Македонски спорт“



Датум: 25.02.2017, 10:49
Статијата е прочитана 2253 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.10.2017
17.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense