| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

02.09.2017

Мајнц му вели благодарам на Новески

Со почеток од 17:00 часот, на „Опел“ арената во Мајнц, денеска Николче Новески ќе го одигра мечот со кој официјално ќе се прости од дресот на клубот каде што мина десетина години и одигра преку триста мечеви

За Николче Новески, и за тоа какква личност е нашиот поранешен репрезентативец може да се напишат цели книги. Што се мина Николче Новески како фудбалер низ годините и како стигна до фудбалските височини ќе треба да се прераскажува со генерации само како пример како со вредна и макотрпна работа се постигнува исклучително голем успех. Но тоа Новески нема да го напраи сам, ќе треба други да го направат за него, затоа што тој е премногу скромен за да зборува самиот за себе и за неговите огромни успеси како професионален фудбалер. А нив ги има многу. Ние го почитуваме и цениме како репрезентативец кој даде многу за нашиот национален тим, а Мјанц, клубот каде што мина најмногу години од неговата богата кариера, не може да изнајде начин како да му каже поголемо благодарам за се што стори за нив. Најмалку што може е да му организира ревијален, проштален меч на нашиот Новески кој ќе се одигра денеска на „Опел“ арената во Мајнц и каде што на Новески ќе му бидат оддадени сите почести како на еден од најзаслужните играчи кои некогаш го носеле дресот на овој клуб. Поранешниот капитен не само што заслужува вакво нешто туку и многу повеќе, а сите кои нешто значеле и значат во ФК Мајнц денеска ќе бидат присатни.


НОВЕСКИ: МИ БЕШЕ ЧЕСТ ШТО ИГРАВ ЗА ВАКОВ КЛУБ
Николче Новески секако дека е во центарот на вниманието сите овие денови во клубот, а медиумите секако дека сакаат што повеќе да извлечат од него. Сепак, тој е легенда на клубот.
„Минав единаесет години како член на ФК Мајнц. Секако дека сум пресреќен што ќе се счучи ваков настан што во моја чест е организиран ваков натпревар. Имав среќа да бидам дел овој клуб, од оваа организација во која со задоволство соработува со многу одлични фудбалери и стратези“ - вели Новески за германските медиуми. Тие пак коментираат дека македонскиот интернацоналец очигледно дека оставил одличен впечаток како човек кај повеќето од неговите поранешни колеги кога ете огромен борј од поканетите објавија дека ќе присуствуваат на настанот.

ТИМ МАЈНЦ ПРОТИВ ТИМ НИКОЛЧЕ
Денешниот меч ќе биде вистинска ревија на легенди на клубот кој играле низ годините, пред но и за време на
престојот на Николче Новески во Мајнц. Екипите ќе добијат назив тим Мајнц и тим Николче. Во оној првиот ќе настапат, играчи како Невен Суботиќ, Марко Розе, Фабиан Гербер, Мохамед Зидан, Јоханес Гаис и многу други. Од другата страна пак од таборот на Николче Новески ќе бидат Дарио Крешиќ, Луис Холтби, Радозлав Забавник, Стефан Бел, Бо Свенсон, Сами Алагуи и други.

 



Датум: 02.09.2017, 12:06
Статијата е прочитана 963 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense