| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.06.2017

Шкендија против Дачија не смета на Чолак и Меџедовиќ



Двајцата се уште се во Тетово но тренерот Османи не смета на нивните услуги на двомечот со Дачија, која пак вчера се засили и со Црногорецот Славен Стјепановиќ

Она што беше најавено и се остварува. На Јуре Чолак и Дино Меџедовиќ, иако се уште официјално се играчи на Шкендија, клубот односно тренерот Ќатип Османи не смета за домечот со Дачија во рамките на 1.квалификациско коло во ЛЕ. Тие не се ни пријавени во УЕФА. За разлика од нив, новакот Олси Теќа е пријавен и тој ќе може да настапи. И двајцата  се во Тетово,  нивниот статус засега не е решен но познато е дека клубот сака да се „откачи“ од зимските засилувања на Томас Брдариќ.

Дачија не престанува да се засилува
Молдавскиот тим не престанува да се засилува. Вчера во Дачија се врати Црногорецот Славен Стјепановиќ. Тој е офанзивно крило и во минатото во два наврати беше фудбалер на овој тим. Инаку тој е четвртото ново име во клубот од Кишињев ова лето.

Билетите по 200 денари
Во Шкендија се е во знакот на првиот меч со Дачија кој се игра во четврток во Струмица со почеток во 18 часот. Билетите кои чинат по 200 денари, веќе се пуштени во продажба. Инаку експедицијата на тетовци во Струмица ќе се пресели во вторник попладне.

 



Датум: 25.06.2017, 13:02
Статијата е прочитана 4773 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense