| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

07.05.2017

Алиоски го „тресна“ и Базел

Голот од пенал на денешниот дуел со Базел, меч кој заврши 2:2, е број 16 во шампионатот на Швајцарија

Езџан Алиоски успеа да му даде гол и на шампионот, на силниот тим на Базел на денешниот меч. На средбата Лугано - Базел, кој заврши 2:2, стрелец на првиот гол за домашните беше нашиот Езџан Алиоски и тоа откако успешно го изведе ударот од белата точка во 60. минута за намалување на водството на гостите од 1:2. До крајот Лугано постигна уште еден гол за конечни 2:2.
Инаку ова е 16 гол на нашиот репрезентативец за Лугано во тековниот шампионат на Швајцарија со што е втор стрелец.


 



Датум: 07.05.2017, 15:41
Статијата е прочитана 2018 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense