| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.01.2018

Ангеловски: Наша цел е првото место во групата

„Ќе решава пресметката со Ерменија, но мораме да бидеме мотивирани и сконцентрирани против Лихтенштајн и Гибралтар“ е реакцијата на селекторот по ждрепката во Лозана

Македонија за противници во Лигата на Нации ги доби Ерменија, Лихтенштајн и Гибралтар...
„Наша цел е првото место, ќе играме за да победиме во групата.Ќе одлучува пресметката со Ерменија, но мораме да бидеме максимално мотивирани и подготвени и против Лихтенштајн и Гибралтар. Ќе се сконцентрираме на анализа на противниците, но треба на сите да ни е јасно дека најважни сме ние, ние мораме да бидеме во наше најдобро издание. Се надевам дека ќе бидеме здрави и целосно ќе се фокусираме на натпреварувањето. Верувам во квалитетот и карактерот на нашите фудбалери бидејќи покажаа дека можеме да се надигруваме и со далеку поквалитетни репрезентации. За успех е потребна поддршка од сите, оваа Македонија тоа го заслужува” е реакцијата на селекторот Игор Ангеловски.



Датум: 24.01.2018, 12:55
Статијата е прочитана 472 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense