| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

26.03.2017

Симоновски пред транфер во Лахти

Марко Симоновски својата кариера ќе ја продолжи во Финска. Нашиот интернационалец го делат само медицински прегледи од потпис со тимот на Лахти

Тој денеска отпатува за Скандинавија, и доколку се биде во ред во текот на утрешиот ден би требало и официјално да потпише договор и да стане дел од овој тим.
Симоновски подолг период е интернационалец, и своевремено направи трансфер во Русија, во екипата на Амкар Перм, потоа играше и во Хрватска за Сплит, а последно беше во Казахстан како дел од екипите на Жетису односно Шахтјор Караганди Во моментов има 25. години и своевремено имаше статус и на младински но и на сениорски репрезентативец.
Новата сезона во финскиот шампионат ќе започне на 4. април.


 



Датум: 26.03.2017, 15:09
Статијата е прочитана 2110 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense