| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

21.08.2017

Дориев и Илиев се изненадувањето на Мрме

Одличниот играч на А. Пандев и голманот на Арсенал, добија повик за „А“ репрезентацијата од страна на селекторот Игор Ангеловски

Љупче Дориев и Дени Илиев се изненадувањето на селекторот Игор Ангеловски за средбите со Израел и Албанија. Тој предмалку го објави списокот за овие две квалификациски средби на кој е и Виаср Муслиу од Вардар но и голем број млади кои до пред некој месец играа за Младата селекција на Македонија до 21.
Ги нема искусните Мојсов, Шиков, нема уште некои...
„Решив да го повикам Илиев кој брани во гигантот Арсенал, со ова сакаме да му дадеме поддршка по долгата пауза. Во одбраната се повикани главно млади играчи на кои можеме да сметаме подолго време. Средниот ред е пообемен зошто имаме два меча и можни се ротации. Нападот е стандарден предводен од капитенот Пандев. На овие два меча можни се и промени во формацијата, сега имаме поголем избор и може да комбинирам“ изјави Ангеловски.




Датум: 21.08.2017, 12:23
Статијата е прочитана 3826 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense