| контакт | маркетинг

15.03.2017

Мерцедес ја остранија пораката до Шуми

Тимот на Мерцедес потврди дека пораката „Продолжи да се бориш Михаел“ ќе биде отстранета од нивниот нов В08 болид за 2017

Германскиот производител му оддаваше почит на својот поранешен возач од неговата несреќа на скијањето во декември 2013 по која доби сериозни повреди на главата. Но, фановите забележаа дека на новиот болид недостасува пораката, а од тимот сега го потврдија тоа.
„Тоа беше ослободено да се направи простор за идна употреба на пораката. Иницијативата ’Продолжи да се бориш’ беше направена да се охрабрат луѓето да го следат борбениот дух на Михаел. Мерцедес и семејството на Михаел Шумахер ќе продолжат да работат на други заеднички активности“, изјави портпаролот на тимот.



Датум: 15.03.2017, 17:29
Статијата е прочитана 992 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.08.2017
16.08.2017
16.08.2017
16.08.2017
16.08.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense