| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.01.2017

Моќен е овој Пелистер

Битолчани со головите на Трифуновски и Илијоски, славеа на контролата со Шкендија со 2:0. Со тоа му го расипаа дебито на Томас Брдариќ на клупата на тетовските „црвено – црни“

Пелистер – Шкендија 2:0. Тоа е епилогот од попладневната пријателска средба, инаку прва и за двете екипи во текот на овие зимските подготовки, одиграна во Охрид. Стрелци на головите беа Трифуновски во 28. минута по олдличната асистенција на Попзлатанов, а новакот Илијоски ги постави конечните 2:0 во 76. минута откако беше проигран од Аугусто, излезе сам пред голманот на тетовци и со убав лоб удар ја затресе мрежата. Тоа беше неговиот прв гол во првиот настап за Пелистер.
Тоа значи дека Томас Брдариќ како тренер на Шкендија тргна со пораз. Интересно е тоа што тетовци првиот дел го одиграа со втората постава, додека подоцна во игра влегоа оние поискусните. За Пелистер покрај другите настапија и новаците Илијоски и Мециновиќ, кои одиграа сосема солидно, додека Силва не играше, исто како и Лукас.

 



Датум: 18.01.2017, 16:21
Статијата е прочитана 7123 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense