| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.05.2017

Пандев стигна до 75 гола во Серија А

Голот на нашиот интернационалец донесе предност за Џенова во дуелот со Киево, меѓутоа не и триумф на крајот затоа што во вториот дел гостинот со два гола ги однесе бодовите

Горан Пандев го постигна својот втор гол сезонава во Серија „А“. Откако се врати после ситната повреда во првиот тим на Џенова, тој изминатиот викенд погоди во дуелот со Киево во 43. минута. Доби топка после акцијата на еден свој соиграч по левата страна, и од пет метри стрелаше од 6-7 метри силно во горниот десен агол. Тоа беше водство за својот тим, кој што претходно имаше нереализиран пенал, и во вториот дел прими два гола и го загуби натпреварот. Меѓутоа Џенова и натаму е во сигурна зона и има пет бодови предност од конкурентите кои што се наоѓаат во опасната зона.
За Пандев ова е 75 погодок во Серија „А“ откако игра во ова натпреварување во дресовите на Лацио, Интер, Наполи и сега Џенова.
Палермо оствари неочекуван триумф над Фиорентина со 2:0 со еден Македонец во составот. Илија Несторовски беше стартер и играше до 81. минута кога го напушти теренот поради повреда. Доби и жолт картон во текот на првиот дел, а Александар Трајковски не доби шанса да настапи и остана на клупата.



Датум: 01.05.2017, 15:39
Статијата е прочитана 684 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense