| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

10.06.2017

Лопетеги: Одиме на три бода...

Предводникот на „Црвената Фурија“ ја респектира Македонија но истакна дека Шпанија утре во Скопје ќе оди на победа

Селекторот на Шпанија Хулен Лопетеги и играчите Бускетс и Силва, очекуваат, како што најавија на пресот само победа за нивната селекција иако во суперлативи говореа за утрешниот противник Македонија.
„Теренот е тој што е, не треба да мислиме на него, туку што ќе прикажеме на него, очекувам добар натпревар. Секако дека очекувам поинаков меч од оној првиот кога игравме во Гранада. Противникот има тим кој што знае како да игра во нападот. Македонија беше одлична со Италија, но нас не интересира ние што ќе направиме и како да дојдеме до она што го посакуваме. Со нетрпение го очекуваме утрешниот натпревар и покрај тоа што доаѓа во финишот на сезоната. Одиме на три бода, влегуваме со респект да прикажеме добра партија“ изјави предводникот на Шпанската репрезентација.

Бускетс: Само победа во мислите
Еден од клучните играчи на „Фуријата“ Бускетс, исто така посочи дека Шпанија оди на победа...„Фокусирани сме за да победиме, за да освоиме три бода. Нас не интересира  само победа. Не мислиме за другите натпревари, како со Италија, туку само она што ќе се случува утре против Македонија“. За ситуацијата со Пике и исвиркувањата од публиката, Бускетс, инаку соиграч на Пике во Барселона одговори..„Не знам како во Македонија се прикажува тоа, сега сме фокусирани кон победа на селекцијата и не би сакал да одговарам на вакви прашања“.


Давид Силва: Да го направиме најдоброто што го знаеме

Давид Силва, фудбалерот на Манчестер Сити за тоа што очекува утре, потенцираше...
„Штом после толку натпревари сум во националниот тим, значи дека селекторот ми верува. Утре треба да го направиме тоа што најдобро го знаеме со цел да победиме“.

 



Датум: 10.06.2017, 19:44
Статијата е прочитана 955 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense