| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.05.2017

Металург – од Европа до Трета лига

За една година од Прва до Трета лига, до пред 3-4 години Металург беше гигант во мак – фудбалот, го освои Купот на Македонија, трипати беше втор, стигна и од 3.квалификациско коло во ЛЕ, е тој Металург денеска испадна во Трета лига

Знаете ли што им е заедничко на Илија Несторовски, Музафер Ејупи, Баже Илијоски, Крсте Велкоски, Марјан Радески и др. познати наши фудбалери и репрезентативци? Е па сите тие до пред некоја година беа членови на Металург, тимот кој што денеска испадна во Трета лига. За само една година тимот од „Железарница“ доживеа тотален колапс. Лани во мај испадна од елитата а овој мај испадна во Трета лига.
Е па на здравје за сите во некогаш, до пред 3-4 години, гигантот во мак – фудбалот. За клубот кој владееше со младинскиот фудбал. За Металург кој во 2011 го освои пехарот во Купот а во летото 2014 година стигна дури до 3.квалификациско коло во Лигата на Европа. Тоа беше клуб со која цела Железара се гордееше, клуб кој имаше буџет од неверојатни 1.500.000 евра. Таму беа тренери Ѓоре Јовановски, Џиџи Илиевски, Жикица Тасевски, Ѓорѓи Христов, Срѓан Захариевски. Но тоа е историја, сегашноста е драматична за Металург. Ако под итно не се сменат некои работи на подобро тогаш клубот ќе доживее згаснување. Тогаш и Северниот регион ќе биде само далечна желба.

Тетекс спаси „жива глава“, барем засега...

Тетекс пак се спасува, го чека веројатно бараж, во последен момент. Клубот кој во 2010 и 2013 го освојуваше Купот на Македонија, засега не ја доживеа судбината на Металург. Тетекс со кој се гордееа тетовските „војводи“ денеска има право на задоволство но не и на еуфорија. Тетекс следната сезона веројатно ќе игра во Втората лига, но ќе треба многу време и напорна работа за да се врати таму каде што и припаѓа. Во нашата фудбалска елита.

 



Датум: 27.05.2017, 20:11
Статијата е прочитана 4920 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense