| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.07.2017


Седлоски: Добро знаеме што не чека

„Добро сме подготвени да дадеме сѐ од себе и да се обидеме да се пласираме во следната фаза од Лигата на шампионите“, истакна Седлоски на денешната прес конференција


Тренерот на Вардар, Гоце Седлоски, на денешната  прес-конференција ги кажа своите очекувања за  натпреварот.
„Знаете како заврши првиот натпревар, 1:1, со активен резултат за нас. Меѓутоа сега нѐ очекува уште еден тежок, можеби уште потежок натпревар од првиот. Противникот сигурно ќе направи сѐ за да успее да постигне гол и да дојде до добар резултат. Ние  секогаш одиме да играме и да победиме, со таква амбиција ќе влеземе и на овој натпревар.
Тоа беше само едно полувреме од овој двомеч, сега следува уште едно, во кое влегуваме максимално подготвени и концентрирани. Моите играчи се подготвени да го дадат максимумот уште еднаш. Сега, по мечот во Малме, подобро се познаваме со противникот. Верувам дека грешките ќе бидат отстранети, дека ќе одиграме еден добар натпревар и дека ќе дадеме сѐ од себе да ја израдуваме оваа публика што ќе дојде во Струмица“, вели Седлоски.

ДИЛЕМИ ОКОЛУ СОСТАВОТ

„Имаме уште неколку дилеми, кои ќе ги отстраниме пред почетокот на натпреварот. Но, верувам дека секој играч е подготвен да даде сѐ од себе без разлика дали ќе почне од почеток или, пак, ќе влезе подоцна од клупата за резерви. Очекувам да го дадеме максимумот и да направиме еден чекор напред во Лигата на шампионите“, рече шефот на стручниот штаб на Вардар.



Датум: 17.07.2017, 17:52
Статијата е прочитана 1125 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense