| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.10. 2017

Вентура: Македонија е сериозна репрезентација

*„Нашиот противник на првиот меч покажа дека е сериозна репрезентација, но јас се надевам дека ќе одиграме добар натпревар утре“ посочи селекторот на „аѕурите“


Италија во оптимситичко расположение го дочекува утрешниот меч со Македонија. Сепак селекторот Џампјеро Вентура со респект говори за момците на Ангеловски...
„Македонија е сериозна репрезентација, нашиот противник тоа го покажа на првиот меч, но се надевам дека ќе одиграме добар натпревар. Без разлика во која формација ќе играме ќе сториме се следните два меча да ги добиеме. Веројатно треба да мислиме на баражот но овие два последни меча очекувам да ги добиеме“.
Прашањето до Џорџ Кјелини беше за неговиот однос со Леонардо Бонучи...
„Игравме доста време заедно со Леонардо и нема никакво недоразбирање со него. Играме заедно за Италија и ќе дадеме се од себе да победиме. Македонија има добар напад, не е само Пандев, тука е и Несторовски, треба да бидеме внимателни и да ги спречиме нивните напади“ кажа Кјелини.




Датум: 05.10.2017, 18:53
Статијата е прочитана 718 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense