| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.07.2017

Стартуваше реконструкцијата на стадионот во Прилеп

Конечно започнаа градежните активности на стадионот „Гоце Делчев“. До кога ќе траат останува да се види

Тоа што стадионот Гоце Делчев во Прилеп изминатиов период беше запуштен, донекаде и изгледаше како депонија, сега треба да биде заборавено и јавноста да се заврти кон она што следува. А тоа е реконструкцијата на објектот, почнувајќи од теренот, поттрибинскиот простор, па сѐ до самите трибини, за да може ФК Победа, конечно, да ги игра своите мечеви на својот стадион. Долго време се чекаше на ова. Конечно, градежните активности во Прилеп започнаа, а до кога ќе траат, ќе треба да видиме.

Со оглед на тоа што стадионот долго време беше нечепнат, што се вели, и речиси никој и не водеше грижа за тоа како изгледа, сега ќе треба макотрпно да се работи и да се вложат сериозни средства за тој да се врати во првобитна положба, односно да се оспособи за фудбалски натпревари. Само како информација, еден од стадионите што своевремено беше реконструиран со пари од УЕФА-програмата, беше токму стадионот во Прилеп, но ете, поради негрижа на надлежните, дојде до ова повторно да бидат трошени средства за негово оспособување.




Датум: 28.07.2017, 11:57
Статијата е прочитана 1994 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense