| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.06.2017

Момци, храбро за Македонија

Стартува најважното и најголемо фудбалско натпреварување на кое некогаш сме учествувале. Денеска од 20:45 ч., младата репрезентација го стартува Европското првенство против Шпанија, во Гдиња

Целата македонска јавност е сплотена во поддршката за младите фудбалери, кои ќе направат сѐ за уште еднаш да нѐ израдуваат и за да напишат нова златна страница од македонската фудбалска историја

Дојде и тој ден. Македонија дочека натпревар на едно големо европско натпреварување. Дојде часот македонската младинска репрезентација до 21 година да го продолжи својот од кон ѕвездите започнат пред повеќе од две години, во квалификациите. Денеска, во градот Гдиња, со почеток во 20:45 часот, нашите херои ќе го одиграат првиот натпревар од групата Б, од Европското првенство, против еден од главните фаворити за освојување на првото место, репрезентацијата на Шпанија.
Целата јавност денеска е со нашите млади фудбалери, во кои гледа вистински херои и спасители на македонскиот фудбал. А ние им порачуваме да уживаат во секој момент од ова европско натпреварување, затоа што заслужија, сите до еден, да го направат тоа. Да уживаат и да одиграат како што знаат. Тоа го правеа во текот на квалификациите, нека го прават тоа и на овој завршен турнир. Нека уживаат, нека бидат сплотени како тим и уште еднаш нека ја израдуваат македонската јавност. Сите во еден глас го ветија тоа. Дека ќе сторат сѐ за да ги повторат, односно за да ги продолжат досегашните успеси, непобедливата серија, победничката низа. Дека ќе го остават срцето на теренот, како што го правеа тоа досега, затоа што тоа е победничкиот рецепт, рецептот кој успева и никако поинаку. Ќе има Македонци денеска во Гдиња, но нека знаат нашите херои дека цела Македонија е со нив и дека максимално ги поддржува, што и да се случи на овој турнир.

НИКОЛОВ: ОД ДЕЦА СОНУВАМЕ ЗА ОВОЈ МОМЕНТ
Кога се започнува да се оди фудбалскиот пат од најмали нозе, нема момче кое не сонува за вакво нешто. Еден ден да ја претставува својата земја, својата татковина на едно големо интернационално натпреварување, со капитенската лента на раката. Еден од нашите кормилари, покрај Ѓоко Зајков и Давид Бабунски, е Бобан Николов. Првотимецот на Вардар,  иако сѐ уште со статус на младински репрезентативец, има сериозна интернационална, но и домашна кариера зад себе, со освоени титули, со награди. И тој, како и соиграчите, е восхитен, пресреќен од сето ова што се случува во моментов.
„Нема зборови кои би го опишале ова чувство. Пресреќни сме сите што сме тука, верувајте. Да се претставува Македонија, сопствената земја на европско првенство. Дури сега се освестуваме што направивме всушност. Секој млад играч сонува за вакво нешто. Сонува да биде дел од вака голем настан“, вели Николов и додава.

ШПАНИЈА – МАКЕДОНИЈА
Стадион „Гдиња“ во Гдиња
Капацитет: 15.139 гледачи
Почеток: 20:45
Главен судија: Харалд Лешер Помошници: Андреас Хајденрих, Максимилијан Колтбиш (сите од Австрија)
МАКЕДОНИЈА: Алексовски, Бејтулаи, Зајков, Велковски, Демири, Николов, Барди, Бабунски, Маркоски, Радески, Ангелов
ШПАНИЈА: Аризабалага, Гаја, Мере, Ваљехо, Џони, Мерино, Суарез, Асенсио, Нигез, Делуфеу, Вилијамс

 



Датум: 17.06.2017, 17:18
Статијата е прочитана 2088 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense