| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

09.03.2017

Собирот за Црна Гора на 19 март

Македонската репрезентација до 21 година, на чело со селекторот Благоја Милевски месецов ќе бидат активни. Закажани се две пријателски средби, една против Црна Гора, а другата со Бугарија.

Селекторот Милевски планира за првиот меч против Црна Гора, кој е закажан за 24 март да прозива на 19, и на него да играат репрезентативците родени 96/97 годиште. Тоа се оние играчи кои се планирани да бидат дел од следниот квалификациски циклус. Против Црногорците мечот го играме на Телеком Арената. 
По тој меч следува оној против Бугарија на 28 март. За тој меч прозивката е закажана за 25 и на тој меч ќе настапат репрезентативните кои се подготвуваат за европското во Полска, во јуни.

КУЛЕСКИ ЌЕ ДОБИЕ НОВА ШАНСА
Од нашиот табор велат дека во глобала, составот за мечот со Црна Гора ќе биде сличен како оној на селективниот камп одржан неодамна. Со нагласок дека шанса повторно, најверојатно, ќе добие Никола Кулески, „Австралиецот“ кој веќе еднаш беше повикуван.



Датум: 09.03.2017, 10:28
Статијата е прочитана 1834 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense