| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

06.10.2017

ЗЛАТЕН ГОЛ НА ТРАЈКОВСКИ, ГОЛЕМ БОД ЗА МАКЕДОНИЈА

*Нашите фудбалери одиграа борбени 90. минути во Торино каде го земавме она што лани го заслуживме во Скопје. Киелини стрелаше за водство на Италија а Алекс Трајковски беше нашиот џокер од клупата за 1:1

Македонската фудбалска репрезентација по долги години се избори за историско реми. Вечерва во торино нашите најдобри фудбалери одиграа 1:1 против Италија. Составот кој зад себе има четири титули од мундијалите немаше решенија за даго скрши големиот отпор на Македонија.
Во текот на целиот меч нашите фудбалерио машки се бореа. Имавме кондиција да им се спротиставиме. Сепак имавме негатива по првиот дел кога Киелини во 40. минута донесе водство на „аѕурите“. Стрелаа домашните во моментите кога имавме рамнотежа во играта.
Македонија има своја „калчо“ магија. Дека тоа е така се уверивме во 77. минута кога Несторовски - Пандев и Трајковски ја матираа одбраната на Италија. Алекс Трајковски доби супер топка од Пандев и со перфектен удар од десетина метри го бомбардираше легендарниот Џиџи Буфон. Македонија дојде во Торино по она што лани го заслужи во Скопје а тоа е бодот. Бод кој ништо не значи за крајниот наш пласман во квалификациската група но ова е резултат за кој долго ќе се зборува. Има „штоф“ во оваа репрезентација која со младите сили еве три меча во серија не знае што е тоа пораз. Освоивме седум бода од гостувањата.
Во понеделник е последниот меч во групата со Лихтенштајн во Струмица.

 



Датум: 06.10.2017, 22:43
Статијата е прочитана 1019 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense