| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.12.2017

Солидарност на дело: Адеми и соиграчите собраа пари за Истра

Веднаш по натпреварот помеѓу Динамо и Истра, играчите на „модрите“ се солидаризираа за своите колеги од Пула

Веднаш после натпреварот помеѓу Динамо и Истра кој што се одигра на „Максимир“, Аријан Адеми и неговите соиграчи се одлучија да соберат пари, и да им ги дадат на играчите на Истар кои што немаат земено плата со месеци.

„Се одлучивме сите да им помогнеме на нашите пријатели кои што се во небрано, и не постои никаква позадина. Не сакам ова никој да го разбере како милостина, туку чин на солидарност и колегијалност. Следиме што се случува во Истра и сметам дека не е нормално некој што си ја врши својата работа, ни криви ни должни се најдоа во ваква ситуација. Да бидат гладни, да бидат исфрлени од своите станови, и да немаат основни услови за живот. Оваа идеја се формираше во нашата соблекувална“, изјави Адеми.

До пред некое време за Истра играа Ристо Митревски и Томе Китановски кои што го напуштија тимот од Пула.

Вакво нешто тешко дека ќе се случи во Македонија, иако голем дел од клубовите во нашата земја ја доживуваат судбината на Истра.



Датум: 17.12.2017, 10:27
Статијата е прочитана 818 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense