| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.03.2017


Да се врзат две победи...

На пресот по повод пријателскиот натпревар со Белорусија, селекторот Ангеловски и голгетерот Несторовски имаа свои видувања пред медиумите

Се чини дека се врати самодовербата по оној петочен триумф над Лихтенштајн од 3:0. Веќе утре нашата најдобра репрезентација ја чека ново искушение, тоа е пријателскиот меч со Белорусија. Се чини дека тоа е шанса да се врзат две победи по ред. Такво нешто посакуваат и селекторот Игор Ангеловски и голгетерот Илија Несторовски. Сепак како што е и ред, противникот во целост се респектира. Особено ако се знае дека на досегашните два меча во минатото ние имаме пораз и реми, немаме победа.
„Ни доаѓа Белорусија, ова е пријателски меч но ќе влеземе како да е квалификациски. Оваа репрезентација ја гледавме со Шведска и нема да не залаже тој нивни висок пораз. Утрешниот натпревар за нас ќе биде можност да го искажеме нашиот квалитет. Седумина заминаа кај младите но имаме доволен број на играчи да одговориме на максимално ниво. Чурлинов е голем талент и затоа е повикан. За секој меч подготвувам посебна формација и во зависност од играчите ќе ја одбереме најдобрата за нас“ истакна селекторот Ангеловски.
Илија Несторовски во пресрет на утрешниот дуел со Белорусија потенцираше:
„Не чека пријателски натпревар но треба да се потврди победата над Лихтенштајн. Знаеме дека после победа обично се опуштаме но овојпат не смее да биде така. Се надеваме на две победи по ред“.

 

 



Датум: 27.03.2017, 12:22
Статијата е прочитана 850 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense