| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.03.2017

Шампионот со „лавовски“ крик



Актуелниот лидер на прволигашката табела на најдобар можен начин врати за критиките од минатонеделната слаба игра

Вардар во рамките од 23. коло предмалку во Ѓорче Петров, на домаќинот  Македонија и даде пет гола и со конечни 0:5 покажа зошто е најквалитениот состав во моментов во нашата лига. Стрелци за гостите беа Попов, Барсегјан, Хамбарџумјан, Блажевски и Спировски.
Шкендија пак одигра прекрасен меч во Штип и не дозволи никакво изненадување. Ибраими, Абдурахими и Алими беа стрелци за тетовци во триумфот од 1:3, а за домаѓните Здраков стрелаше од пенал. Пелистер загуби втор пат по ред сезонава во Тетово, каде Ренова беше подобра со 2:1.
На Телеком Арената во Скопје пак, РАботнички со головите во второто полувреме на Силјаноски и Суад Сахити успеа да го „скрши“ отпорот на Силекс. Конечни, на стадионот во Могила, Победа пред своите многубројни симпатизери не успеа да слави туку одигра само 1:1, против Шкупи.

1.МЛФ, 23. КОЛО
РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 2:0
Силјановски 59’, Сахити 66’
МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР 0:5
Попов 15’, Хамбарџумјан 24’, Барсегјан 53’, Блажевски 59’, Спировски 88’
БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА 1:3
Здравков 85’ (п) - Ибраими 58’, Абдурахими 78’, Алими 90’
РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР 2:1
Гафури 27’, Велинов 89’ - Фернандо 55’
ПОБЕДА - ШКУПИ 1:1
Зендели 63’ (аг) - Лазаревски 31’

Табела:
1.Вардар 53, 2.Шкендија 47, 3.Работнички 39, 4.Пелистер 36, 5.Ренова 31, 6.Силекс 31, 7.Шкупи 22, 8.Победа 20, 9.Македонија ЃП 16, 10.Брегалница 12



Датум: 18.03.2017, 16:01
Статијата е прочитана 1598 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense