| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.01.2018

Османи: Тешки се нозете...

Стратегот на Шкендија со анализа за одработените тренинзи во Охрид и првиот контролен меч со Победа на кој тетовци славеа со 2:0


Шкендија успешно во целост ги одработи подготовките во Охрид. Се она што беше планирано и зацртано од страна на стратегот Ќатип Османи е остварено.
Мислам дека добро се работеше во изминатите седум денови во Охрид каде што бевме на подготовки. Сега останува да одработиме некој тренинг во Тетово а во сабота се селиме во Анталија. Сметам дека во Охрид имавме добро услови за работа, одигравме и еден меч со Победа на кој победивме со 2:0 и можам да бидам задоволен. Секако дека не беше се идеално на таа средба, но, мора да се знае дека тешки се нозете, се уште сме во таа специфична фаза од подготовките во која во преден план се физичките вежби“ изјави Ќатип Османи, стратегот на есенскиот првак.



Датум: 17.01.2018, 17:44
Статијата е прочитана 953 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense