| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

30.07.2017


Брегалница со 150 илјади евра буџет


Штипјани следната сезона ќе бидат второлигаши но со солиден буџет и нова управа планираат експресно да се вратат во „елитата“


Дефинитивно е дека тимот на Брегалница нема намера да се помири со фактот дека следнава сезона ќе ја игра во второлигашката конкуренција. Затоа, штипјани планираат клубот да го реформираат колку што е тоа можно во моментов и да му се создаде буџет со кој Брегалница нема да има проблем да се избори за прволигашки статус повторно.
Па така, последните информации кои доаѓаат од Штип велат дека клубот за следната сезона ќе има на располагање цели 150. илјади евра што за наши второлигашки услови е и повеќе од доволно за да се остварат зацртаните цели. Иако тимот го напуштија многу играчи, штипјани со млади сили ќе се обидат да ги остварат зацртаните цели.


 



Датум: 30.07.2017, 14:38
Статијата е прочитана 3227 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense