| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.07.2017

Работнички „зариба“ во Минск

Белорускиот тим со пораз од 3:0 ги елиминираше „романтичарите“ од Лигата на Европа

Надежите за пласман на Работнички во третото квалификациско коло од Лигата на Европа згаснаа во Минск на стадионот „Трактор“. „Романтичарите“ со пораз од 3:0 се збогуваа од меѓународната сцена во второто квалификациско коло. Првиот меч заврши 1:1.

Откако Душко Трајчевски утна чист „зицер“ откако излезе сам пред голот на Белорусите, веднаш во следната акција казна. Нојок одкосо од десната страна упати удар, невнимателност на Шишковски, и топката е во мрежата.

Голманот на Работнички се извади за оваа грешка со неколкуте добри одбрани, а и Работнички имаше свои шанси. Особено онаа на Суад Сахити кој што од 6-7 метри не успеа да го израмни резултатот.

Надежите на „романтичарите“ згаснаа во 70. минута откако после изведен корнер Галовиќ го тресеше Работнички за 2:0. Избраниците на Виктор Треневски тргнаа по „чудо“, но после еден противнапад, на Динамо му „светна“ и постигна уште еден гол. Сарока излезе сам, и под телото на Шишковски спроведе во мрежата за убедливо водство со кое веќе беше јасно дека Работнички тука ја завршува својата европска „одисеја“.



Датум: 20.07.2017, 18:58
Статијата е прочитана 1498 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense