| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.01.2016

Хенебел доаѓа во Шкендија

Германскиот дефанзивец кој во својата кариера има соработувано со новиот тренер на Шкендија Томас Брдариќ во вториот тим на Волфсубг, ќе биде втората зимска аквизиција за Тетовци

Шкендија продолжува со засилувањата во зимскиот преоден рок, а како последно име кое го договорија Тетовци е германскиот дефанзивец Тобијас Хенебел. Станува збор за 24-годишен стопер кој во својата кариера има играно за вторите тимови на Ајнтрахт Франкфурт и Волфсбург,  додека неговиот последен ангажман беше во шпанска Мајорка.

Интересно е што и овој играч има соработувано со новиот тренер Томас Брдариќ во вториот тим на Волфсбург. И првото засилување, Дино Меџедовиќ исто така беше дел од резервите на германскиот Бундеслигаш.



Датум: 17.01.2017, 13:09
Статијата е прочитана 6011 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense