| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

26.11.2017

Мухарем руши рекорди во прва лига

Стрелецот на вториот гол за Шкупи денеска против Пелистер е еден од најмладите стрелц во историјата на мак – фудбалот со 16. години и два месеци.

Мухарем Сухељ е новиот хит во домашниот шампионат. Младиот играч на Шкупи постигна гол против Пелистер денеска во Битола за конечни 2:2 и со тоа стана еден од најмладите фудбалери во нашиот шампионат кој се запишал во листата на стрелците. Во поново време единствено Елиф Елмас погоди на 16. години и шест месеци, додека пак Мухарем во моментов има 16. години и два месеци. Мухарем доби шанса во последните моменти од мечот од страна на тренерот Нухији и со прекрасен гол погоди за 2:2. Тој е дел од младинските селекции на Македонија до 15. односно 16. години.

 



Датум: 26.11.2017, 17:48
Статијата е прочитана 3076 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense