| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

11.12.2017

Хамбарџумјан: Ќе играм она што ќе ми каже тренерот

Стотиот меч за Вардар одбележан со два гола и меч одигран на левата бековска позиција

Хофханес Хамбарџумјан беше разликата помеѓу екипите на Вардар однодно Академија Пандев на неделниот меч. Ерменецот постигна два прекрасни гола и тоа на својот јубилеј, стоти меч во дресот на Вардар.
„Се чувствувам одлично. Секој фудбалер посакува еден ваков јубилеј, а мојот 100-ти натпревар ќе го паметам уште долго. Затоа што постигнав два убави гола. Мислам дека тоа е заслуга на целиот тим, а уште поважно е тоа што успеавме да победиме во тој натпревар и да освоиме три бода. Навистина ми е драго што на крајот сè излезе како што треба, и за мене и за екипата“ - вели ерменецот, а потоа се осврнува на фактот што целиот меч го играше на левата бековска позиција.
„Ќе играм на таа позиција на која што стручниот штаб ќе смета дека можам да покажам најмногу. Со Академија Пандев играв лев бек, и не ми пречеше. Имам играно неколку пати на оваа позиција и порано. Ете, успеав да постигнам и два гола. Дали е погодена позицијата или не, на еден играч, може да се знае само по завршувањето на натпреварот. Јас на секој натпревар без разлика каде и да играм, го давам максимумот. Тоа овој пат даде резултат, и се надевам така ќе биде и во иднина“ - додава Хамбарџумјан.


 



Датум: 11.12.2017, 15:34
Статијата е прочитана 1180 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense