| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

23.03.2017

Само теренот на Могила е проблем!

ФФМ ѝ наложи на ФК Победа итно да го поправи теренот на стадиончето на Могила ако сака и натаму на него да биде домаќин

По долги 10 месеци фудбалот се врати во Прилеп, но не на голема врата на стадионот „Гоце Делчев“, кој сè уште е под реконструкција, туку на малото стадионче на Могила, каде што се играше во саботата мечот со Шкупи. Се виде дека тоа стадионче ни од далеку не ги задоволува прволигашките критериуми, особено тука се мисли на теренот. Чаирчани реагираа и пред да се одигра мечот.
Дали и понатаму Победа ќе може да игра на тоа стадионче зависи од ФФМ. А од таму неофицијално велат дека ФК Победа мора итно да го поправи теренот, во спротивно не ќе може да игра како домаќин.


ШТИПЈАНИ И ОФИЦИЈАЛНО РЕАГИРААТ
За разлика од останатите клубови, ФК Брегалница се осмели и официјално реагираше. Имено, штипјани го поставуваат прашањето - кој одлучил Победа да игра на теренот во Могила? Тој терен, според  сите оценки, е непогоден за најнизок ранг натпревари, а не пак за Прва лига! Во идното коло Брегалница ѝ гостува токму на Победа. Искуството од првата средба на Победа во Могила, со Шкупи,  потврди дека овој терен не само што не е погоден за игра туку и нема  и други  основни услови, како на пример,  за безбедност. На таа средба се случи и инцидент. Штипјани се прашуваат  дали и тој инцидент ќе го премолчат во ФФМ.  Јасно е дека  тој терен не одговара ни за маалски фудбал, не за Прва лига!



Датум: 23.03.2017, 11:19
Статијата е прочитана 4811 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense