| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

31.05.2017

Со лотарија ќе се одлучува кој може на Суперкупот

Дури и резервација на билет може да значи да останете без место на арената во Скопје, со оглед дека Европската куќа на фудбалот потоа, со лотарија, ќе одбира кој ќе биде гледач на спектаклот

Сите со нетрпение го очекуваме натпреварот од Суперкупот на Европа, кој ќе се игра во Скопје. Сите се интересираат како да дојдат до билети, па еве една корисна информација. Според најавите од УЕФА, продажбата на билети ќе оди исклучително онлајн на страницата на УЕФА. Аплицирањето за билети ќе биде од периодот од 13 јуни до 4 јули. Меѓутоа ниту тоа нема да значи дека можете да дојдете до билет. Доколку има голем број заинтересирани (а голема е веројатноста за такво нешто), тогаш добитниците на билетите ќе бидат познати по лотарија и известувањето дали сте добиле место на арената, ќе го добиете преку електронска пошта. Се очекува во слободна продажба да бидат пуштени 10.000 билети наменети за неутралните гледачи. Цените на овие билети ќе се движат од 15 до 50 евра.



Датум: 31.05.2017, 13:50
Статијата е прочитана 2849 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense