| контакт | маркетинг
ТЕНИС

21.06.2017

Блатер: Федерер е најголемиот затајувач на данок!

Темата за спортистите и даноците е многу актуелна во Шпанија во последните месеци со случајот на Кристијано Роналдо, кој должи 14.7 милиони евра. Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер вели дека фудбалот е не-фер посочен како лош пример

Блатер, кој беше опкружен со серија корупциски скандали вели дека има многу повеќе избегнување данок од тоа што се верува, но дека некои спортисти се „недопирливи“. Тој го посочи својот швајцарски сонародник, Роџер Федерер, човек кој има заработено најмалку 700 милиони долари од спортот.
„Зошто го напаѓаат фудбалскиот свет? Никој не кажува за еден од најголемите собирачи на пари - Федерер. Тој е недопорлив, бидејќи прави се како што треба“,вели Блатер.
Околу Федерер не е јасно каде тој живее. Сајтот на АТП ги посочува врвните тенисери - Рафаел Надал (Манакор), Енди Мареј (Лондон) и Новак Ѓоковиќ (Монте Карло). За Федерер пишува само Швајцарија. Според швајцарските медиуми на хартија Федерер живее во Волерау, еден од градовите во земјата со најмали даноци. Тој таму има куќа од 6.5 милиони долари, иако поголем дел од годината тренира и живее во Дубаи.



Датум: 21.06.2017, 18:12
Статијата е прочитана 1710 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.09.2017
21.09.2017
21.09.2017
21.09.2017
21.09.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense