| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.05.2017

Силва за нов триумф на Пелистер

Во првиот меч од ова коло во првата македонска фудбалска лига тимот на Пелистер предмалку на домашен терен го совлада Шкупи со минимални но заслужени 1:0.

Домашниот тим ја оправда улогата на фаворит создаде грст шанси но искористи само една. Онаа во судиското продолжение на првиот дел кога на асистенција на Миленковски односно Илијоско бразилецот Силва со убав удар од дистанца ја затресе мрежата на Зендели. Во вториот дел шанси на двете страни. Мбела пропушти зицер за 1:1, а на спротивната страна Баже Илијоски повторно немаше среќа и утна две стопостотни шанси. Со ова продолжи позитивната серија на Пелистер која со триумф оди во Струмица на куп финале  в среда, а Шкупи сега ќе мора да чека исход од утрешните мечеви за да увиди до каде е со опстанокот сезонава



Датум: 13.05.2017, 18:37
Статијата е прочитана 5457 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense