| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.01.2018

Официјално: Демири 1.5 година во Мариупол

Доскорашниот фудбалер на Вардар се пресели во Украина

Бесир Демири до летото 2019 година, ќе настапува за тимот на Мариупол од Украина. Најавениот трансфер денеска се официјализираше, и левиот бек и доскорашен фудбалер на Вардар за прв пат ќе игра во странство. Тој веќе утре ќе се приклучи на својот нов тим, откако денеска го стави потписот на договорот минувајќи ги и медицинските тестови.  

Трансферот е реализиран преку Шаќир Реџепи, некогашниот стопер на повеќе клубови и екс македонски младински репрезентативец кој што сега е во менаџерските води.

Демири во минатото играше во Шкендија и во Шкупи. Иако на големо се шпекулираше дека ќе оди во Шкендија, сепак, на крајот се реши за Украина. Ова е втор играч на Вардар кој што е промовиран во друг клуб за неполни 24 часа. Вчера во дресот на Видеотон беше претставен Бобан Николов.



Датум: 19.01.2018, 19:07
Статијата е прочитана 2947 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense