| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

21.05.2017

Работнички денеска ја „заверува“ Европа

На „романтичарите“ попладнево во Тетово против Шкендија им треба само бод, но само ако Вардар ја победи Ренова. Ако ги победат „црвено - црните“ тогаш за нив добро ќе им дојде и реми на „Телеком Арената“

Попладнево од 16:30 часот се играат сите натпревари од 34. коло во нашата елитна лига. Интересно, во поглед на последната евро „виза“ ќе биде во Тетово каде играат Шкендија - Работнички и во Скопје, каде шампионот ја дочекува Ренова. „Романтичарите“ денеска може и официјално да ја „заверат“ Европа и тоа ако ремизираат во градот под Шара а Вардар ја победи Ренова. Во случај пак да ја победат Шкендија тогаш доволно ќе им биде и реми на „Телеком Аремната“. Најлоша варијанта за нив ќе биде ако Шкендија и Ренова победат, тогаш таа разлика од пет бодови во последните две кола ќе се истопи само на два.
Шкупи и Победа во поход на избегнување на местото кое води во баражот дома ги чекаат „второлигашите“ Брегалница и Македонија а Кратово и Силекс ќе ја имаат таа чест да му честитаат на новиот освојувач на Купот, тимот на Пелистер.

ДВОЈКИ ЗА 34. КОЛО (ДЕНЕСКА - 16:30 Ч)
ШКУПИ - БРЕГАЛНИЦА
ПОБЕДА - МАКЕДОНИЈА ЃП
ШКЕНДИЈА - РАБОТНИЧКИ
ВАРДАР - РЕНОВА
СИЛЕКС - ПЕЛИСТЕР



Датум: 21.05.2017, 11:34
Статијата е прочитана 756 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.10.2017
17.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense