| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

30.03.2017

Георгиевски од следната сезона во Њукасл Џетс

Македонскиот фудбалер одлучи да не го продолжи договорот со тимот од Мелбурн кој му истекува по крајот на сезоната за да може како слободен агент да замине во Њукасл Џетс

Даниел Георгиевски од наредната сезона ќе настапува во Њукасл Џетс. Македонскиот бек по крајот на оваа натпреварувачка година ќе го напушти Мелбурн Виктори како слободен агент, и ќе замине во Њукасл Јунајтед Џетс, клуб кој исто така игра во најсилната фудбалска лига во Австралија.
„Ја прифаќаме одлуката на Даниел, но, заедничкиот фокус е да ја освоиме титулата во оваа сезона“ изјави тренерот на Мелбурн, Кевин Мускат.
Георгиевски за Виктори настапува од 2014 година а во тој период забележа 79 настапи.



Датум: 30.03.2017, 12:16
Статијата е прочитана 1781 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense