| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.03.2017

Мечкаровски во Тетово, Гоцевски во Охрид

Мечкаровски ќе ја дели правдата на дуелот Шкендија - Шкупи, додека Гоцевски арбитар на дуелот Победа - Вардар. Ставрев е делегиран на дуелот Работнички - Ренова

Познати се судиите кои што ќе ги судат натпреварите од 21. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Најинтересниот натпревар помеѓу Победа и Вардар ќе го суди судиска четворка предводена од Марјан Гоцевски од Струмица. Него ќе му помагаат Горан Манасиев и Петар Новачев.

Дуелот Шкендија - Шкупи е во „рацете“ на Димитар Мечкаровски. Негови помошници Неделкоски и Петрески, додека дополнителни ќе бидат Влахо и Стојчевски.

Александар Ставрев е делегиран на мнечот Работнички - Ренова. Негови помошници Кировски и Костадинов, додека Дејан Јакимовски ќе биде на натпреварот Брегалница - Силекс со помошниците Ширилов и Тошевски.

И на последниот меч Македонија ЃП - Пелистер ќе суди Стојанче Стојанов со асистентите Караколев и Ѓорѓиев.



Датум: 03.03.2017, 12:18
Статијата е прочитана 2629 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense