| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

22.12.2017

Ингилизов допрва на прес ќе објаснува

По сите настани и случувања во ФК Победа, по разните шпекулации, се огласија од клубот прекува својата официјална фејсбук страна

Од страна на ФК Победа во текот на денешниот ден беше истакнато...
Во текот на нареднава недела,претседателот на ФК Победа Гоце Ингилизов, ќе има прес конференција на која ќе биде јавноста информирана за наредните чекори во клубот.Во моментов сме фокусирани на подготовките за наредната полусезона и на креирањето на ростер кој достојно ќе го претставува клубот во ПМФЛ. До моментов,ниту еден играч не го напуштил клубот.Се останато е во рамки на шпекулација!
Ако има заинтересиран инвеститор или спонзор,да се јави на официјалните лица на клубот. Општината се откажува од помагање на клубот и не сака да ги исплати ни оние средства кои претходно беа ветени,изгласани на совет и врз кои го направивме буџетот за оваа сезона,со што ни направи огромна финансиска дупка,која на крај може да се покаже и како фатална за клубот. Тоа е единствен факт кој до моментов е реалност. Но и покрај тоа,ќе продолжиме да се бориме во ова "невреме" и не оставаме лесно да пропадне се што сме граделе изминативе неколку години!

Ве замолуваме, ако неможете да помогнете, немојте да ни одмагате!!!

Спортски поздрав,ФК Победа!

Ова е она што беше напишано на официјалната фејсбук страна на ФК Победа



Датум: 22.12.2017, 16:28
Статијата е прочитана 1707 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense